Лани Путин играше хокеј и во Санк Петербург, а на мразот му се придружи и Лукашенко
Путин ги откажа новогодишните планови, нема да игра хокеј на Црвениот плоштад
Претседателот на Русија, Владимир Путин, не планира да учествува во традиционалниот новогодишен натпревар во хокеј што се одржува на Црвениот плоштад во Москва, соопшти денеска неговиот портпарол Дмитриј Песков.
„Не, ова не е планирано оваа година“,
вели Песков, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Изминатите години Путин редовно излегуваше на мразот за време на пријателските натпревари на новогодишната ноќ во рамки на Лигата на ноќен хокеј на Црвениот плоштад во Москва. Лани тој играше и во Санк Петербург, а на теренот му се придружи и белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Претходно Путин ја откажа и традиционалната годишна прес-конференција, како и обраќањето пред Федералното собрание на Русија.