И двајцата претседатели учествуваат на меѓународниот политички и економски форум „Појас и пат“ во кинеската престолнина Пекинг
„Разговор во од“ имале рускиот претседател Владимир Путин и српскиот Александар Вучиќ во Кина на меѓународниот политички и економски форум „Појас и пат“.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска, коментирајќи ја средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Пекинг, изјавил дека Русија ја дели загриженоста на српскиот претседател во врска со настаните во Србија.
„Патем, разговарав и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е загрижен за ситуацијата во неговиот регион, во Србија“,
рече Путин, а пренесува РИА Новости.
Путин заклучил и дека Русија ја споделува загриженоста со српскиот претседател.
И српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека разговарал со Путин, но дека немал билатерална средба.
„Го видов претседателот Владимир Путин, немавме билатерална средба, разговаравме накратко. Тој имаше важна средба со Си Ѓинпинг. Видов дека Путин пука од самодоверба“,
нагласил Вучиќ.
Вучиќ рекол дека имал важна и долга средба со претседателот на Кина Си Ѓинпинг и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.
Посочил дека при посетата на Кина се потпишани рекорден број договори за соработка на Србија со таа земја, дури 18, како и дека се работи за документи кои предвидуваат стратегиска соработка.
И двајцата претседатели учествуваат на меѓународниот политички и економски форум „Појас и пат“ во кинеската престолнина Пекинг.