Автократскиот лидер Лукашенко пред новинарите рече дека користел сличен модел на трактор во својата градина како тој што му го подарил денеска на Путин
Рускиот претседател Владимир Путин доби необичен подарок за својот 70. роденден – трактор.
Додека лидерите на неколку поранешни републики од Советскиот Сојуз беа собрани во палатата Константин во Санкт Петербург, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко му врачи на Путин сертификат за тракторот.
Инаку, тракторите претставуваат гордост на белоруската индустрија уште од советско време.
Автократскиот лидер Лукашенко пред новинарите рече дека користел сличен модел на трактор во својата градина како тој што му го подарил денеска на Путин.
Не е јасно како рускиот претседател реагирал на подарокот за кој открија од кабинетот на Лукашенко. Во изјавата пред медиумите пред состанокот, тој не го спомна тракторот туку само зборуваше за потребата да се разговара за решавање на конфликтите помеѓу поранешните советски народи.
Исто така, во обраќањето ја нагласи и потребата од размена на информации помеѓу државите за борба против тероризмот, дрогата и криминалот.