Путин и американскиот претседател Џо Бајден вчера одржаа виртуелна средба
Претседателот на Русија, Владимир Путин, оцени дека ширењето на НАТО силите кон исток, што ја вклучува и Украина во Алијансата, претставува многу чувствително прашање за руската безбедност.
„Разговарав во вторникот со Бајден за регионалните проблеми, зборувавме и за конфликтот на југоисток во Украина и за уште една состојба, поврзана со оваа, која е многу чувствителна за нас, а тоа е експанзијата на НАТО кон исток, вклучувајќи ја и Украина“,
изјави Путин, пренесува „ТАСС“.
Ова за Путин претставува едно од клучните прашања за руската безбедност, посебно кога станува збор за подолги стази.
„Разговаравме на оваа тема неуморно. Јавно ги предупредуваме нашите партнери дека тоа не е прифатливо за нас. Секако, секоја земја има право да избере кој е најдобриот начин да се зачува безбедноста, но тоа мора да се направи на начин кој не ги крши интересите на другите земји“,
додаде Путин.
Путин и американскиот претседател Џо Бајден вчера одржаа виртуелна средба, на која се разговарало за повеќе теми, како и за состојбата со Украина.