Пукотниците што денеска се слушаат во Скопје доаѓаат од кругот на поранешната фабрика „Газела“ каде се снима филм.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во кругот на поранешна „Газела“ се снима филм, при што се снимаат и сцени со пукање, за што МВР е навремено известено од организаторот“,
се додава во соопштението испратено од МВР.
Од таму се апелира до медиумите да не се пласираат непроверени информации во јавноста и за соодветна информација да се обратат до Секторот за односи со јавност.