Училишната зградата во тој момент имала седум службени лица за обезбедување и детектори за метал. Вработените откриле како напаѓачот успеа да влезе внатре, но одбиле да коментираат јавно за тоа
Вооружено момче отвори оган во средно училиште за визуелни уметности во Сент Луис, Мисури, при што уби најмалку две лица и рани шестмина пред полицијата да го застрела и него.
Нападот се случил денеска наутро околу 9 часот по локално време. Полицијата влегла во зградата набргу откако било пријавено дека вооружен напаѓач е во училиштето при што разменила оган со момчето и го убила.
Според информациите кои ги објавија локалните медиуми, напаѓачот бил на возраст околу 20 години.
Како што објави полицијата, двете жртви се возрасна жена и тинејџерка.
„Додека на хартија можеби ќе имаме девет жртви (двете убиени, напаѓачот и шестмината ранети), во реалноста ќе имаме уште стотици други. Сите што го преживеале ова дома ќе си одат со траума“,
изјавил градскиот полициски комесар, Мајк Сак.
Пред пукањето, во училиштето имало околу 380 ученици. Училишната зградата во тој момент имала седум службени лица за обезбедување и детектори за метал. Вработените откриле како напаѓачот успеа да влезе внатре, но одбиле да коментираат јавно за тоа.
Засега не се познати ниту мотивот ниту евентуалната поврзаност на напаѓачот со училиштето.