Петте повредени излегле од кошаркарски натпревар, по што биле вмешани во некаква тепачка и биле застрелани, објави локалната телевизија
Пет лица се повредени пред средно училиште во Милвоки, во американката сојузна држава Висконсин, каде што се одржувал кошаркарски натпревар. Четири тинејџерки и едно девојка биле застрелани околу 19:30 часот по локално време вчера во близина на средното училиште „Руф Кинг“, соопшти полицијата.
Петте повредени излегле од кошаркарски натпревар, по што биле вмешани во некаква тепачка и биле застрелани, објави локалната телевизија.
Властите соопштија дека трагаат по осомничен што претходно ѝ бил познат на полицијата.
Три тинејџерки на возраст од 15, 16 и 17 години се пренесени во болница. Останатите две жртви, на 15 и 20 години, се здобиле со повеќе прострелни рани.
Истрагата е во тек.