Според последните информации, шест лица се убиени, а напаѓачот е уапсен
Непознато лице отворило оган врз студенти и предавачи во зградата на Универзитетот во Перм, град на планината Урал. Руската полиција соопшти дека има загинати и ранети, а напаѓачот е приведен, пренесува РИА новости. Некои медиуми објавија дека се работи за 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој го најавил нападот на социјалните мрежи.
Пермский стрелок направляется к зданию университета
— Новая Газета (@novaya_gazeta) September 20, 2021
Видео: 112 pic.twitter.com/UwfwF7kPTe
Претходно, Универзитетот во Перм објави дека четири лица се повредени и апелираше до студентите во универзитетскиот комплекс да останат во училниците.
Но, од информациите што постојано доаѓаат, најверојатно се работи за шест убиени.
На видеата што се се појавија на социјалните мрежи се гледа како студенти бегаат од зградата преку прозорци.
Голем број од оние што не успеаја да избегаат, се затвориле во амфитеатрите и се надеваат дека вооружениот млад човек нема да стигне до нив. Итните служби и полицијата стигнаа до зградата на универзитетот и се обидуваат да го совладаат напаѓачот.