Во екот на кризата со коронавирусот, во болницата „Папа Јован XXIII“ во исто време имаше и до 100 пациенти на респиратори
Одделението за интензивна нега во болницата „Папа Јован XXIII“ во Бергамо, за првпат од почетокот на епидемијата, односно од 23 февруари, нема пациенти со ковид-19, соопштија денеска од болницата.
Одделнието за интензивна нега цели 137 дена имало пациенти кои страдале од ковид-19.
Бергамо беше меѓу италијанските градови и региони што се најпогодени од епидемијата, пренесува Анса.
Во екот на кризата, болницата во Бергамо во исто време имаше и до 100 пациенти на респиратори.