Од болницата сакаат да ги охрабрат народите и властите насекаде да направат нешто. Велат дека Италија е фатена на препад, но ова не може да биде случај со остатокот од светот
Болницата „Јован XXII“ во Бергамо е најтешко погодена здравствена установа од пандемијата со новиот коронавирус, а Скај њуз ги објави првите инсерти оттаму на кои се прикажани застрашувачки сцени – ходници исполнети со болнички кревети со пациенти и медицински персонал кој во постојано брзање. Сите се облечени со маски, ракавици и заштитни костими.
Снимките на Скај њуз покажуваат дека сè е полно со луѓе заразени со вирусот, вклучително и простории за чекање.
Бергамо се наоѓа во северна Италија, во провинцијата Ломбардија, која е најтешко погодената област во земјата. Бројот на починати е над 2.550. Бројот на новопристигнати пациенти не опаѓа, а истото се случува и низ останатите делови од северна Италија.
Во прилогот се наведува дека персоналот работи без престан за да се обиде да спаси што е можно повеќе луѓе. Тие се собираат околу новопристигнатите пациенти за да им постават монитори за мерење на отчукувањата на срцето, инфузија и што е најважно, респиратори, без кои пациентите не можат да преживеат.
Главната болница во Бергамо досега ги одбиваше медиумите, но тие одлучија дека е неопходно целиот свет да види со што се соочуваат. Тие сакаат да ги охрабрат народите и властите насекаде да направат нешто. Тие велат дека Италија е фатена на препад, но ова не може да биде случај со остатокот од светот.
Лекарите од Бергамо велат дека Ковид-19 не влијае на телото исто како и грипот, туку повеќе како пневмонија од која секојдневно луѓе губат живот.