Првичните тестови на германската канцеларка Ангела Меркел покажале дека таа е негативна на вирусот Ковид-19, изјави попладнево портпаролот на германската Влада, Штефан Зајбер.
Според него, Меркел уште еднаш ќе биде тестирана за време на периодот на самоизолација.
Таа од вчера се наоѓа до домашен карантин откако имала контакт со лекар за кој се покажало дека е позитивен на новиот коронавирус.
Германската канцеларка последен контакт со заразениот лекар имала во петокот, кога тој отишол да и ја даде редовната терапија.