Пациентот од Херцег Нови бил примен во Клиничкиот центар во Подгорица со хронично белодробно заболување, а претходно престојувал во Србија
Во Црна Гора почина 65-годишен маж од последици на новиот коронавирус, соопштија од Клиничкиот центар во Подгорица. Пациентот бил во Србија во првата половина од месецот. Тој е прва жртва на вирусот ковид-19 во таа држава.
Пациентот од Херцег Нови бил примен во Клиничкиот центар со хронично белодробно заболување во саботата навечер, јавија црногорски медиуми.
„Примерокот за брис е земен по пристигнувањето на пациентот во Клиничкиот центар, а анализите потврдија дека пациентот имал ковид-19. Тој бил во Србија во првата половина на овој месец“,
се вели во соопштението од Клиничкиот центар и Институтот за јавно здравје.