„360 Степени“ ја доби првата награда на конкурсот на Советот за етика на медиуми во Македонија за сторија од сферата на општеството, социјалниот живот, со фокус на унапредување на човековите права и промовирање на правата на социјално ранливите и маргинализираните групи граѓани.
Наградената приказна е на авторот Хекуран Акифи. „Во пресрет на денот на белиот стап-дали сме хумано општество само на хартија“ е сторија за секодјневните пречки со кои се соочуваат граѓаните со оштетен вид. Видеото можете да го погледнете во полето над овој текст.
„360 Степени“ денеска доби и пофалница од Советот за етика на медиуми во Македонија за приказната на Никола Здравковиќ „Кој и како ја донесе моќната „Економија“ до питачки стап има ли надеж да се врати на стариот пат“. Прилогот можете да го погледнете во продолжение.
Напишете коментар