Македонскиот олимпиец, Дејан Георгиевски, ќе се бори за златен медал во Токио. Георгиевски, кој се натпреварува во таеквондо во категорија над 80 килограми, стигна до финалето по победата во полуфиналето над Кјо Дон Ин од Јужна Кореја.
Во полуфиналето, Георгиевски ја забележа својата најубедлива победа во досегашниот дел од турнирот, совладувајќи го Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6. На патот до полуфиналето, Георгиевски го победи актуелниот светски првак, Рафаел Јуниер Алба Кастилјо, од Куба, со 11:8, како и Сајду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.
Пласманот на Георгиевски во финале на Олимписки игри е прв за земјава во кој било спорт по пауза од 21 година. Во финалето, Георгиевски ќе се бори со Владислав Ларин од Русија. Мечот започнува во 14:45 часот.