Учесниците на маршот бараат ослободување на околу 240 заложници кои ги држи Хамас од 7 октомври. Некои граѓани носат плакати на кои пишува „Уништете го Хамас“ и „Вратете ги (заложниците)“

Илјадници луѓе се собраа во Вашингтон на „Маршот за Израел“ со кој изразуваат за поддршка на израелската држава во војната против палестинското движење Хамас, која започна на 7 октомври.
Околу поголемиот дел од центарот на градот улиците биле затворени поради засилени безбедносни мерки. Повеќето од луѓето собрани на Националното шеталиште (просторот меѓу Капитол и Белата куќа каде се наоѓаат најпознатите и најзначајни знаменитости во градот) се покриени со израелски и знамиња на САД.
Израелскиот претседател Исак Херцог им се обрати на насобраните преку видео пренос во живо. И покрај илјадниците милји што ги делат, Херцог рече дека тие се обединети „да маршираат за бебињата, момчињата и девојчињата, жените и мажите злобно држени како заложници од Хамас, да маршираме за правото на секој Евреин да живее гордо и безбедно во Америка, во Израел и во целиот свет“.
„Денес се обединуваме, како семејство, да маршираме за Израел. Маршираме за светлина над темнината. Уште еднаш во еврејската историја бараме: Пуштете го нашиот народ. Додека нашите најблиски се заробени во Газа, а нашите војници се борат за нашиот сакан Израел – Евреите ширум светот се напаѓани затоа што се Евреи. Омразата, лагите, бруталноста, срамниот изблик на античкиот антисемитизам се срам за сите цивилизирани луѓе и нации. Евреите во Америка мора да бидат безбедни. Евреите ширум светот мора да бидат безбедни“,
додаде тој.
A huge crowd gathering in Washington, DC today to show support for Israel ??#MarchForIsraelpic.twitter.com/2ekuPfMSZK
— Sarah Raviani (@sarahraviani) November 14, 2023
Настанот се верува дека е најголемиот произраелски собир во САД откако милитантите на Хамас извршија масакр во Израел на 7 октомври, колејќи деца и киднапирајќи војници и цивили, пренесува Си-ен-ен.
Учесниците на маршот бараат ослободување на околу 240 заложници кои ги држи Хамас од 7 октомври. Некои граѓани носат плакати на кои пишува „Уништете го Хамас“ и „Вратете ги (заложниците)“.
На „Марш за Израел“, според проценките кои ги пренесуваат странските агенции, присуствувале околу 290 000 луѓе.

Денеска, американскиот претседател Џо Бајден им испрати порака на надеж на заложниците на Хамас киднапирани во Израел за време на нападите на 7 октомври.
Бајден, за заложниците кои се киднапирани повеќе од пет недели, одговарајќи на новинарско прашање рече дека е вклучен во секојдневни дискусии за да обезбеди нивно ослободување.
„Верувам дека тоа ќе се случи, но не сакам да навлегувам во детали“,
рече тој.
На прашањето дали има порака до членовите на семејствата на заложниците кои се држат во Газа, Бајден рече: „Издржете, доаѓаме“.