Триесет лица се уапсени
Протестот доаѓа во време на зголемена инфлација која сериозно ја поткопа турската куповна моќ, висока невработеност и рекорден пад на лирата по серијата намалувања на каматните стапки
Турската полиција го растури протестот вечерва во Истанбул против владините политики и зголемените трошоци за животи уапси повеќе од 30 демонстранти.
Демонстрантите, главно членови на левичарски групи, почнаа да се собираат во истанбулскиот кварт Кадикој, кој се наоѓа во азискиот дел на градот.

Демонстрантите бараа Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган да поднесе оставка.
Повеќе од 30 лица се приведени, соопштија новинарите на Асошиетед прес од местото на настанот.

Протестот доаѓа во време на зголемена инфлација која сериозно ја поткопа турската куповна моќ, висока невработеност и рекорден пад на лирата по серијата намалувања на каматните стапки.

Од почетокот на годината турската валута загуби 70 отсто од вредноста.
Минатата недела Централната банка ја намали каматната стапка, како мерка за стабилизација на валутата и инфлацијата, од 16 на 15 отсто.
Протести се одржаа и во Анкара и други турски градови.