Пред грчкиот Парламент во Атина вечерва протестираат граѓани против новиот закон за штрајкови и демонстрации кои треба да го изгласаат пратениците.
Како што јавува МИА, се случил и инцидент кога група маскирани млади лица ја нападнале полицијата со молотови коктели и разни тврди предмети.
Полицијата одговорила со шок бомби и солзавец.
Предизвикана е материјална штета на дел од влезовите на хотели во близина на Парламентот, а испишани се и слогани на ѕидовита од хотелите.
Инцидентите продолжија и низ околните улици, но и покрај големото количество на солзавец, дел од демонстрантите сепак останаа пред Парламентот.
Попладнево на неколку различни локации во центарот на Атина беа организирани повеќе собири од Синдикатот на Комунистичката партија, левичарски и вонпарламентарни организации и партии, левичарско ориентирани студентски движења, членови на СИРИЗА, меѓу кои и поранешни министри и сегашни пратеници. Крајната дестинација на сите собири беше грчкиот Парламент каде избија инцидентите.