Демонстрациите следуваат неколку дена откако истражувачки извештај покажа дека десничарските екстремисти и политичарите од екстремно десничарската Алтернатива за Германија се состанале и наводно разговарале за депортација на милиони имигранти, вклучително и германски државјани доколку дојдат на власт
Илјадници луѓе, меѓу кои и канцеларот Олаф Шолц и шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, денеска излегоа на улиците во Потсдам за да протестираат против екстремната десница во Германија.
Thousands of people gathered in Germany to protest against right-wing extremism, among them Chancellor Olaf Scholz and his foreign minister Annalena Baerbock. Rallies took place in Berlin and nearby Potsdam.https://t.co/l2PJP1cBTw pic.twitter.com/lgKAFfPBJe
— DW News (@dwnews) January 14, 2024
Демонстрациите следуваат неколку дена откако истражувачки извештај покажа дека десничарските екстремисти и политичарите од екстремнодесничарската Алтернатива за Германија се состанале и наводно разговарале за депортација на милиони имигранти, вклучително и германски државјани доколку дојдат на власт.
10.000 Menschen demonstrieren in Potsdam gegen Faschismus – auch Scholz https://t.co/Jnw4OtADYh pic.twitter.com/kZrnbT6jde
— WELT (@welt) January 14, 2024
На демонстрациите им се приклучија над 10 илјади луѓе, изјави градоначалникот на Потсдам, Мајк Шуберт, кој повика на протестот.
Министерката за надворешни работи Аналена Бербок во изјава за германската новинска агенција ДПА кажа дека на демонстрациите присуствувала како една од илјадниците граѓани кои се залагаат за демократија.
„Тука сум како една од илјадниците жители на Потсдам кои се залагаат за демократија, и против стариот и новиот фашизам“,
изјави Баербок.
Протестот беше одговор на извештајот на медиумот „Коректив“ кој откри детали од состанокот во вила во Потсдам во ноември на кој, како што е објавено, присуствувале членови на екстремистичкото Идентитарно движење и од екстремнодесничарската партија Алтернатива за Германија. На состанокот наводно било зборувано за депортација или „ремиграција“ на мигрантите во Германија.
Според градоначалникот на Потстдам, „овие планови потсетуваат на најтемното поглавје од германската историја“.