Појавувањето на десетици полицајци пред зградата на Владата, во еден момент ги револтираше граѓаните кои почнаа да ги прозиваат и да прашуваат „каде бевте на 1. јануари?“, извикувајќи „убијци“, „срам да ви е“, „банда“

Голем број граѓани попладнево пред зградата на црногорската Влада излегоа на протест против, како што велат, недостигот на акција од страна на властите за да се спречи масовното пукање во кое вооружен маж на првиот ден од годинава уби 12 лица, а четворица тешко рани.
Граѓаните носеа транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“, „Системот ви е скапан“ и „12 минути молк“.
Демонстрантите прво стоеја во тишина во знак на сеќавање на жртвите од пукањето, а закачија и рози со црни ленти на оградата во знак на жалост.
Despite heavy rain, huge crowds protest in Montenegro’s Podgorica 🇲🇪 against the govt’s handling of the New Year’s mass killing of 12 people in the country’s historic capital Cetinje.
— Jakub Bielamowicz (@KubaBielamowicz) January 3, 2025
Protesters chant “Murders, come out” in front of the Government building & call for dismissals. pic.twitter.com/ki9jpfHl4W
Појавувањето на десетици полицајци пред зградата на Владата, во еден момент ги револтираше граѓаните кои почнаа да ги прозиваат и да прашуваат „каде бевте на 1. јануари?“, извикувајќи „убијци“, „срам да ви е“, „банда“.
Protest ispred zgrade Vlade 03.01.2025. pic.twitter.com/KPl3VUJiv1
— Portal Analitika (@PortalAnalitika) January 3, 2025
Насобраните ги извикуваа и имињата на децата кои загинаа во Цетиње.
Протестот пред зградата на Владата траеше околу еден час, а за тоа време во зградата на Владата имаше седница на Советот за национална безбедност, по повод трагедијата во Цетиње.
Ацо Мартиновиќ на 1 јануари во Цетиње уби 12 лица, меѓу кои и две деца.
Според в.д. директорот на Полициската управа на Црна Гора, Лазар Шќепановиќ, убиството е извршено во рок од 30 минути, односно тоа е временскиот интервал во кој полицијата ги добила пријавите за секое од убиствата.
Повеќето од жртвите се членови на семејството на осомничениот убиец, неговите кумови или пријатели.
Од вчера во Црна Гора трае тридневна жалост, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.
Осомничениот за ова повеќекратно убиство и ранување на најмалку четири лица, Ацо Мартиновиќ, се самоуби. Тој почина при транспортот кон болница.
Ацо Мартиновиќ злосторството го започнал во ресторанот „Велестово“ во близина на Спортскиот центар во Цетиње, а потоа продолжил и надвор од него.
Се случил инцидент меѓу Мартиновиќ и гостин на ресторанот. Тој отишол дома, зел пиштол и се вратил во ресторанот. Таму убил четири лица.
Потоа убил неколку члена на своето семејство, како и две деца на возраст од 10 до 13 години.
Дел од регионалните медиуми потсетија дека ова повеќекратно убиство во Цетиње е второ во овој црногорски град за помалку од две и пол години.
