Потрагата била отежната поради многуте трски и алги во езерото, па видливоста била многу слаба. Попладнето почнал да дува ветер и да се создаваат бранови со што видливоста се намалила уште повеќе. Телото е извадено од езерските води околу 19:15 часот
Регионалниот Центар за управување со кризи – Струмица информира дека тело на човекот кој денеска се удави во Дојранското Езеро доцна попладнево е пронајдено.
Според ЦУК, потрагата била отежната поради многуте трски и алги во езерото, па видливоста била многу слаба. Попладнето почнал да дува ветер и да се создаваат бранови со што видливоста се намалила уште повеќе.
„Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР ‘Тигри’ за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото. На лице место биле се ТППЕ и СВР Гевгелија, а и припадниците на граничната полиција биле во потрага со чамец, а од 16:00 часот специјалниот нуркачки тим, со две возила и пет лица, од Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ трагал по телото на давеникот. Во потрагата биле вклучени и гранична полиција Дојран со двајца полицајци и еден чамец и ПС Гевгелија со шест полицајци. Пред завршетокот на денот било пронајдено телото на давеникот. Поточно, во 19:15 часот од страна на специјалните нуркачи, лицето било лоцирано, пронајдено и извлечено. Следи понатамошна постапка за случајот, преку јавен обвинител и лекар“,
велат од ЦУК:
Инаку, настанот се случил кога човекот било качен на педелинка што најверојатно се превртела, а тој не знаел да плива. Засега нема податок дали имал безбедносен елек.
„ЦУК апелира до граѓаните кои рекреираат и одмораат покрај езера, море или река секогаш да ги почитуваат мерките на безбедност што се предвидени за престој во конкретно место или за користење пловни и други средства за рекреација, а и лично секогаш превентивно да имаат свесност за можните опасности во местата за одмор покрај вода“,
апелираат од ЦУК.