Од МВР апелираат до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска во Скопје поради одржувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Шкотска. Натпреварот ќе се одигра од 20:45 на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и е дел од Лигата на нации.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека посебниот сообраќаен режим ќе биде воведен во делови од градот.
Оттаму апелираат до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
