Триесетгодишен жител на село Градошорци во Општина Василево вчеравечер околу 19:40 часот во струмичкото село Костурино бил приведен од полиција, осомничен за сторено кривично дело криумчарење мигранти

Триесетгодишниот И.М. од селото Градошорци во Општина Василево вчера е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело криумчарење мигранти.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) лицето е приведено вчера околу 19:40 часот во селото Костурино, Струмичко, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток.
„Околу 19:30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано Валандовско Брдо, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила ’бе-ем-ве’, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото ’бе-ем-ве’ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија“,
се вели во соопштението од МВР.
За настанот, како што додаваат од полицијата, бил известен јавен обвинител, а соодветна пријава против лицето ќе биде поднесена по целосно расчистување и документирање на случајот.