Слично време УХМР најавува и утре
Денеска нè очекува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува
Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 10 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурите во Скопскиот регион ќе се движат од 11 до 16 степени.
Слично време УХМР најавува и утре.