Мининамлните температури ќе се движат во интервал од 6 до 12 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат до 18 степени
Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Во западните и северните делови од земјава попладне ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави Управата за хидрометеорошки работи (УХМР). Мининамлните температури ќе се движат во интервал од 6 до 12 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови во дел од котлината можен е краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата во Скопскиот регион ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.
УХМР за утре најавува релативно сончево и потопло време.