Променливото и нестабилно време ќе се задржи и вториот ден од викендот, за в понеделник се најавува локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето
Променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. На места процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Според прогнозата на УХМР, минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 3 до 14 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 25 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 10 до максимални 23 степени.
Променливото и нестабилно време ќе се задржи и вториот ден од викендот, за в понеделник се најавува локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.