До крајот на месецов, како што соопшти УХМР, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд како последица на циклонска активност
Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 11 степени додека максималните ќе се искачат од 9 до 19 степени.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и слаб до умерен ветер од југоисток. Температурите ќе се движат од минимални 10 до максимални 16 Целзиусови степени.
До крајот на месецов, како што соопшти УХМР, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд како последица на циклонска активност.