Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од три до 10 Целзиусови степени, а максималните од девет до 16 степени.
Во Скопје очекува слично време, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до седум, а максималната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.
Под влијание на циклонска активност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на oваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.
Во следните три дена минималната температура ќе се движи од три до девет степени, а максималната од 12 до 21 Целзиусов степен.