Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени Целзиусови

Не очекува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните краеви. На планините ќе паѓа снег, а на повисоките места дожд и снег.
Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови.
Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег. Од недела до среда по котлините ќе има услови за појава на магла.