Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека хируршката интервенција за промена на полот ќе биде бесплатна за осигурениците во земјава. Интервенциите ќе се извршуваат на Универзитетската клиника за урологија, каде што ќе биде отворен оддел за реконструктивна урологија и андрологија.

Филипче ја соопшти веста на Националната конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија“, настан по повод првата Парада на гордоста која ќе се одржи во сабота во Скопје.
За операциите ќе биде ангажиран професор д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград. Тој веќе има извршено ваква операција кај трансродово лице во приватна клиника во земјава.
„360 Степени“ пред две недели објави сторија за проблемите со кои се соочуваат трансродовите лица во С. Македонија. Во земјава, трансродовоста се третира како ментално нарушување додека Светската здравствена организација ја категоризира во групата на сексуално здравје.
Целата сторија можете да ја погледнете го видеото подолу.