Портпаролот на СЗО вели дека преносливоста и сериозноста на омикрон сè уште се проучуваат, но посочи и дека „не треба да се чека да заѕвони алармот“
Производителите на антиковид вакцини треба да бидат подготвени на можност да ги приспособат своите производи во насока за заштита од варијантата омикрон, изјави денес Кристијан Линдмајер, портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО).
„Силно се препорачува производителите на вакцини да почнат да планираат, бидејќи веројатно ќе мора да ја приспособат постоечката вакцина“,
рече Линдмајер.
Тој додаде дека преносливоста и сериозноста на омикрон сè уште се проучуваат, но посочи и дека „не треба да се чека да заѕвони алармот“.