Овој феномен на реваншизам, заплашување, уцени и отпуштања за поинакво мислење, не се случува само во „Илија Николовски-Луј“, додаде тој, туку тоа е реалност во сите институции во државата
Мустафа Имери, професор тенор и раководител на Катедрата на албански јазик во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, денеска на прес-конференција обвини дека бил разрешен бидејќи објавил фотографија со лидерот на Демократско движење, Изет Меџити.
„Семоќните владетели ме разрешија затоа што пред неколку дена на социјалните мрежи јавно поддржав поинакво мислење и беше објавена фотографија со еден од лидерите на ’Европски сојуз за промени’, Изет Меџити. Тоа се 15 години неуморна работа, максимална професионална посветеност и едукација на децата од областа на уметноста“,
изјави Имери, информира „Европскиот сојуз за промени“.
Овој феномен на реваншизам, заплашување, уцени и отпуштања за поинакво мислење, не се случува само во „Илија Николовски-Луј“, додаде тој, туку тоа е реалност во сите институции во државата.
„Со вакви притисоци секојдневно се соочуваат и административците во институциите и албанскиот бизнис и обичниот граѓанин. Впрочем, оваа техничка влада наопаку го започна овој 100-дневен период. Но, јас се чувствувам горд што во оваа битка меѓу неколку политичари во заминување и народот кој бара промени, јас сум на страната на народот. Почитувани, Вие разрешувате, но народот се обединува, вие се реванширате, но народот се буди. Доброто во оваа лошотија е што на овој зулум му останаа само уште 90 дена. Ќе издржиме, 8 мај е нашиот ден. Позади параванот, ние со нашиот глас ќе ја разрешиме оваа власт“,
порачаа од „Европскиот сојуз за промени“.