Ваквиот став на Продолжуваме со промените беше очекуван, а сега и официјално соопштен од раководството на партијата, истовремено доаѓа и како одговор на предлогот на ГЕРБ за разговори за формирање владин кабинет
Петков е категоричен дека се невистинити шпекулации дека американската амбасада и други организации вршат притисок за формирање влада со ГЕРБ
Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев нема да поддржи влада со мандат на ГЕРБ и нема да оди на преговори иницирани од нив, по парламентарните избори што во неделата се одржаа во Бугарија, а на кои победи партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, но, сепак, со недоволен број на гласови за апсолутно мнозинство во парламентот, јавува БГНЕС.

Ваквиот став на Продолжуваме со промените беше очекуван, а сега и официјално соопштен од раководството на партијата, истовремено доаѓа и како одговор на предлогот на ГЕРБ за разговори за формирање на владин кабинет.
„Отсега мандатарот има можност да формира кабинет. Во моментов најважна е стабилна влада. Ќе бидеме конструктивна опозиција“,
бил категоричен е Василев на брифингот со новинарите во Софија.
Копретседателот на партијата Василев изјавил дека по изборите го прават токму тоа што им го ветиле на бугарските гласачи.
Кирил Петков, исто така копретседател на Продолжување на промените, рекол дека политиките за кои ќе бидат конструктивна опозиција се: закон за антикорупциска комисија, воведување механизам за истрага на главниот обвинител од бугарски судија, зголемување на минималната плата од 860 лева (440 евра н.з.), зголемување на пензиите, нова дефиниција за енергетска сиромаштија, плафон за цената на гасот од 300 лева, продолжување на политиката на одржување на платите на наставниците на 125 отсто, заострување на даночната политика, ограничување на буџетскиот дефицит на 3 отсто поддршка на Бугарија за влез во еврозоната и Шенген и усвојување на 22 закони потребни за Планот за отпорност.
„Јасно ќе внимаваме на нивното спроведување“,
изјавил категорично Петков.
Василев додал дека бугарскиот народ го чека тешка зима и оти силно се надеваат дека ГЕРБ, „кои се доста искусни, како што самите велат, ќе можат да се снајдат со оваа задача, со која можевме да се справиме минатата година – иако неискусни“.
Според Кирил Петков, Продолжуваме со промените е инструментот што навистина ќе ја промени Бугарија.
„Патот можеби е долг, но ќе стигнеме до ветената позиција за променета Бугарија“,
рекол тој.
Тој посочил дека нивната дефиниција за евроатлантска влада е влада без корупција, рече и додал дека не очекува раскол во ПП.
Петков бил категоричен дека се невистинити шпекулации дека американската амбасада и други организации вршат притисок за формирање влада со ГЕРБ.
„Главната лекција што ја научивме од изборите е дека ако сакаме да ги видиме граѓаните на плоштадите, да им подадеме рака, да разговараме со нив, мора да го исполниме тоа што им го ветивме. Покажавме дека владеењето без ГЕРБ е можно и добро за земјата, можеби не успеавме да ги убедиме луѓето да продолжат да не поддржуваат. Свесни сме за нашата улога како втора политичка партија и не е во ред да се замени гласот на гласачите преку различни структури, коментира Петков. Сега улогата на ГЕРБ е да го направи она што го направивме пред 10 месеци и да формираме влада“,
истакнале Петков и Василев.
Прашан дали ја губат довербата кај бугарскиот претседател, Румен Радев, Василев одговорил дека довербата на претседателот не ја даваат политичките партии, туку бугарскиот народ.
Во 48. состав на Националното бугарско собрание влегоа седум политички партии, а прва политичка сила ќе биде коалицијата на ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.
Бугарскиот парламент брои 240 пратеници, а за да се формира мнозинство потребни се 121 пратеник.
Победничката коалиција ГЕРБ-СДС има 67 мандати, Продолжуваме со промените – 53 пратеници, трета е ДПС, кон која се гледа како потенцијален партнер на ГЕРБ, има 36 пратеници. Понатаму, Преродба има 27, БСП 25, додека Демократска Бугарија 20, а Бугарски подем 12 мандати.