Инцидентот се испитува, вклучени се специјалисти од трети земји, а издавачите на кредитни картички се известени за инцидентот. Авиокомпанијата исто така ги советува клиентите да ги сменат лозинките каде што е можно за да ги зачуваат личните информации безбедни
Индиската национална авиокомпанија „Ер Индија“ соопшти дека во хакерски напад се украдени податоци на 4,5 милиони клиенти, вклучително и информации за пасоши и телефонски броеви за контакт, објави компанијата на својата вебстраница.
„Упадот се однесува на лични податоци регистрирани од 26 август 2011 година до 3 февруари 2021 година, вклучувајќи имња, датум на раѓање, информации за контакт, информации за пасош, информации за билети, често извршени летови на ‘Стар Алијанс’ и ‘Ер Индија’, како и детали за кредитни картички“,
се вели во соопштението.
Компанијата соопшти дека веќе презела чекори за да се гарантира безбедноста на податоците. Инцидентот се испитува, вклучени се специјалисти од трети земји, а издавачите на кредитни картички се известени за инцидентот. Авиокомпанијата исто така ги советува клиентите да ги сменат лозинките каде што е можно за да ги зачуваат личните информации безбедни.