Според обвинителниот предлог, како што пишува „Призма“, „обвинетите давале лажни податоци за факти од влијание за утврдување на даночните обврски“, односно не уплатиле данок на добивка. Со тоа го оштетиле буџетот за 922 793 денари, односно за околу 15 илјади евра
Во судот веќе една година тече судскиот процес за фирмата „Алфа СКОП“, која, исто така, е обвинета за даночно затајување од околу 100 илјади евра
Во февруари годинава до Кривичниот суд испратиле обвинителен предлог за фирмата „ЦХС инвест груп“ ДООЕЛ и за нејзиниот управител Питер Шац бидејќи затајувале данок. Шац е мнозински сопственик на фирмата „Таргет медиа“ што ја поседува фирмата „ЦХС инвест груп“, која, пак, е една од четирите фирми сопственички на телевизијата Алфа, објавува „Призма“.
Ова за БИРН им го потврдиле од скопското обвинителство, а првото рочиште веќе е закажано за неделава, в среда, на 1 јуни.
Според обвинителниот предлог, како што пишува „Призма“, „обвинетите давале лажни податоци за факти од влијание за утврдување на даночните обврски“, односно не уплатиле данок на добивка. Со тоа го оштетиле буџетот за 922 793 денари, односно за околу 15 илјади евра.
Истрагата за обвинетите била отворена во 2019 година по кривична пријава од финансиската полиција.
„Во пријавата на финансиската полиција до скопското обвинителство пишува дека во даночниот биланс поднесен до Управата за јавни приходи, не биле пријавени ‘приходи од застарени обврски за примени позајмици од ‘Ексико ДОО’ Скопје постари од 5 години, од над 11 милиони денари, со што пријавениот Шац не пресметал и не уплатил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто“,
се наведува во текстот.
Во судот веќе една година тече судскиот процес за фирмата „Алфа СКОП“, која, исто така, е обвинета за даночно затајување од околу 100 илјади евра.
Целиот текст може да го прочитате на следниот линк.