Нема кој да покрие трошоци за сместување и плата

Македонскиот ревизор Иван Игњатов, пред повеќе од една година беше избран да биде еден од шестемина членови на независниот меѓународен борд на ревизори на НАТО, тело што контролира како воената Алијанса ги троши парите.
Но, на веб-страницата на НАТО, покрај неговото име, стои „именуван на први август 2025 година, сѐ уште не е на функција“, пишува „Призма“.
Наместо во НАТО, во Брисел, тој и натаму работи во Скопје, како заменик на главниот ревизор Милаим Абдураими, во Ревизорското тело, кое прави ревизија на инструментот за претпристапна помош за земјава. Абдураими, за БИРН, потврди дека Игњатов уште работи во институцијата.
БИРН се обиде да дознае која е причината, поради која, македонскиот ревизор една година по именувањето не ја презел должноста.
Игњатов не одговори ниту на пораките, ниту на повикот.
Но, јавнообјавените документи, покажуваат дека спорното прашање е кој ќе го плаќа Игњатов и неговиот престој во НАТО.
Целиот текст може да го прочитате тука.
