Покрај „окупацијата“ на скудниот јавен простор во Центар, контроверзност на овој случај му додава и сомнежот околу вистинската сопственост на инвеститорот. Тој произлегува од фактот што пријавениот сопственик Шрајбер е регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на луѓе што сакаат да бидат скриени. Неговата професија била причина за вмешаност во многу скандали, и глобално, и на Балканот. Шрајбер и татко му се спомнуваат во скандалот со набавки на ООН, па дури и нападот од 11 септември
Веќе не постојат никакви пречки, фирмата на Енгелберт Јозеф Шрајбер, адвокат од Лихтенштајн, да ја гради петкатницата во строгиот центар на Скопје, на местото од едно од последните паркчиња во Мал ринг, пишува „Призма“.
Скопската компанија на Шрајбер, „Сколимекс“, на втори овој месец добила правосилно одобрение за градба, дознава БИРН од увидот во постапката што овој инвеститор ја води во Општина Центар. Тоа значи дека во секој момент може да ја огради парцелата и да почне да ги копа темелите на местото од паркчето со неколку маалски клупи и паркингот во непосредна близина на хотелот „Ибис“.
Познат домашен проектант
Покрај „окупацијата“ на скудниот јавен простор во Центар, контроверзност на овој случај му додава и сомнежот околу вистинската сопственост на инвеститорот. Тој произлегува од фактот што пријавениот сопственик Шрајбер е регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на луѓе што сакаат да бидат скриени. Неговата професија била причина за вмешаност во многу скандали, и глобално, и на Балканот. Шрајбер и татко му се спомнуваат во скандалот со набавки на ООН, па дури и нападот од 11 септември.
Истражувајќи ја фирмата што номинално ја поседува Шрајбер, БИРН дојде до податоци што упатуваат на домашни учесници во градбата на новиот објект.
Од увидот во документацијата во Општина Центар „Призма“ дознава дека идејно, петкатницата е дело на проектантската фирма „Гемма инженеринг“, која во име на „Сколимекс“ ја водела целата постапка за одобрение пред локалната самоуправа. Барањето електронски го поднел Мето Стојчески, еден од двајцата сопственици на „Гемма инженеринг“, инаку зет за сестра на бизнисменот Орце Камчев.
Но, оваа не е единствената фирма на Стојчески.
Другата „ССИ инвестмент“ го однесе на клупата за сведоци во случајот „Плацови на Водно“. Тој, поткрепувајќи го сведочењето на својот шура Орце Камчев, призна дека во име на фирмата ги „криел“ од јавноста трите стана на Никола Груевски во станбениот комплекс на Водно, познат како „Панорама“.
Стојчески, во судница, призна дека истото го направил и за зградата што се наоѓа спроти ЗОИЛ во центарот на Скопје, во која на времето беше седиштето на агенцијата за обезбедување СГС, која, пак, од друга страна се доведуваше во врска со Сашо Мијалков.
Целата сторија на „Призма“ прочитајте ја ТУКА.