Според рускиот пратеник Александар Хистеин, при претресот на автомобилот во кој биле двајцата осомничени, пронајдени се пасоши на државјани на Таџикистан
Социјалните мрежи се полни со објави од фотографии и видеа од потенцијалните терористи кои синоќа извршија напад во московската концертна сала.
Двајца напаѓачи вклучени во нападот на Москва се приведени, соопшти претставникот на руската Државна дума, Александар Хистеин.
Според Хистеин, при претресот на автомобилот во кој биле двајцата осомничени, пронајдени се пасоши на државјани на Таџикистан.
Претходно, одговорноста за нападот во Москва ја презеде „Исламската држава“ (ИСИС).
Нападот се случи вчера во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднаа во „Крокус сити хал“ (Crocus City Hall) каде што, меѓу другото, во тој момент се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.
Како што се забележува на видеата и фотографиите што се најдоа во медиумите, напаѓачите буквално отвораат оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлаат бомба или запалив материјал кој предизвикува голем пожар.
Неколку часа подоцна беше објавено дека зградата е безбедна и дека пожарот е локализиран.
Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет – од САД до Белорусија.