Бројот на ранети во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145
Повеќе од 60 луѓе загинаа во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, а бројот на жртви може да се зголеми, соопштија од Рускиот истражен комитет.
Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) синоќа соопшти дека имало пукање и пожар пред концерт во Красногорск кај Москва. Бројот на ранети во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145.
Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека хоспитализирани се 115 лица, од кои пет деца. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете.
Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка поради терористичкиот напад.
Неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва.
Нападот се случи во „Крокус сити хол“ во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.