Според информациите од полицијата во текот на вчерашниот ден се регистрирани повеќе случаи на брзо возење, а несовесните возачи се задржани во полициска станица
На 19.04.2025 во 11.30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки. Од МВР информираат дека возел со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час.
Т.М. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се наведува во соопштението од МВР.

Според информациите од полицијата во текот на вчерашниот ден се регистрирани повеќе случаи на брзо возење, а несовесните возачи се задржани во полициска станица.
„На 19.04.2025 во 12.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, го лишиле од слобода Ф.С. (59) од с.Ливада, струшко, кој со неговото возило ’фолксваген’ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот. По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ- ’безобsирно управување сo моторно возило’,“
се наведува во соопштението од МВР.
Од полицијата информираат и за случај во Кавадарци каде возач под дејство на алкохол излетал од коловозот и удрил во бандера.
„Денеска (20.04.2025) во 02 часот на ул. „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман. В.С. со неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – ’безобѕирно управување со моторно возило’,“
соопшти полицијата.
Во Неготино пак, околу 4 часот утринава, на локалниот пат кон село Курија, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода С.Д.(28)
Имено, тој украл патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(28) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано пред домот на сопственикот и потоа со возилото на локалниот пат кон село Курија, излетал надвор од коловозот.
Од извршените проверки, како што велат од полицијата, било констатирано и дека го управувал возилото со 0.72 промили алкохол во крвта. С.Д. бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.