Околу 200 пожари сè уште се активни во Австралија, додека пожарникарите го користат заладувањето на времето за да го спречат нивното ширење. Во меѓувреме, во Нов Јужен Велс двајца мажи се водат како исчезнати и по нив се трага.
Полицијата на Нов Јужен Велс приведе 24 лица осомничени за намерно предизвикување пожари. Во оваа австралиска држава досега загинаа 18 лица.
Во притвор се и три лица осомничени за грабеж во имоти зафатени од пожари, а од 8 ноември полицијата презела акции против 183 луѓе поради пожарите.
Речиси пет милиони хектари изгореа во Нов Јужен Велс од септември, уништени се 1.482 куќи и пцовисани се стотици милиони животни и добиток.
Советот за осигурување во Австралија ја зголеми проценката за предизвиканата штета од пожарите. Се проценува дека огнените јазици предизвикале штета во вредност од 485 милиони долари, но се очекува таа бројка да расте откако ќе биде овозможен пристап и до другите области зафатени со пожарите.