Полицијата извршила контрола во угостителски објект во Тетовско по претходна пријава дека тмау се прекржуваат мерките донесени од Владата. Полицијата затекнала седум гости во локалот во село Сараќино, тројца вработени, но и 20 женски лица од кои 18 биле странски државјанки. При нивна идентификација, полицијата констатирала дека се од Русија, Србија, Украина и Албанија и тие го прекршиле туристичкиот престој согласно чл.418/а од Кривичниот законик.
„Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово“,
информира Министерството за внатрешни работи.