И. С. е приведен вчера околу 20 часот кога граничната полиција од станиците „Михајлово“ и „Богородица“ на автопатот Гевгелија–Демир Капија го фатиле како во комбе марка „рено“ со кавадаречки регистарски таблички превезувал 30 мигранти
Дваесет и тригодишниот И. С., жител на селото Корешница во Општина Демир Капија, е приведен откако бил фатен од полициски службеници како со комбе превезувал 30 мигранти.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека И. С. е приведен вчера околу 20 часот кога граничната полиција од станиците „Михајлово“ и „Богородица“ на автопатот Гевгелија–Демир Капија го фатила како во комбе марка „рено“ со кавадаречки регистарски таблички превезувал 30 мигранти.
„Возачот се обидел да избега од местото на настанот, но бил лишен од слобода од страна на полициските службеници“,
додаваат од МВР.
Од МВР додаваат дека е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и по документирање на случајот против И. С. ќе биде поднесена кривична пријава.