„Оружјето било пронајдено на 10 октомври, кога двајцата осомничени со возилото учествувале во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово–Јажинце. Во несреќата возилото излетало од патот и се превртело, осомничените со телесни повреди биле пренесени во болница, а при извршениот увид полициските службеници го пронашле оружјето во возилото“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство
Тетовското Основно јавно обвинителство почнало истражна постапка против еден косовски и еден македонски државјанин поради неовластено држење на оружје. Двата пиштоли кои нелегално ги поседувале полицијата ги открила откако двајцата со возило излетале од патот Тетово–Јажинце, соопшти Јавното обвинителство.
Според краткиот опис на случајот од страна на Обвинителството, двајцата осомничени во возило „фиат браво“ со косовски регистарски ознаки, неовластено држеле пиштол марка „црвена застава“ со една рамка во која имало четири куршуми со калибар од 6,35 милиметри, како и пиштол „ерма верке“ (Erma Werke).
„Оружјето било пронајдено на 10 октомври кога двајцата осомничени со возилото учествувале во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Во несреќата возилото излетало од патот и се превртело, осомничените со телесни повреди биле пренесени во болница, а при извршениот увид полициските службеници го пронашле оружјето во возилото“,
се наведува во соопштението од Обвинителството.
Двајцата, како што информираат оттаму, се товарат за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
По предлог од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничените им одредил по 30 дена притвор.