Разбојништвото се случило на 8 февруари во подружница на спортска обложувачница на улицата „Охридска“ во Битола
Триесетдневен притвор му е одреден на битолчанец кој е осомничен дека извршил разбојништво во спортска обложувачница, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола.
Во информацијата се наведува дека осомничениот на 8 февруари маскиран влегол во подружница на спортска обложувачница на улицата „Охридска“ во Битола и со нож ѝ се заканил на вработената барајќи ѝ да му ги даде парите.
Вработената, додаваат од ОЈО, исплашена се повлекла, по што осомничениот влегол во внатрешноста на пултот за наплата, од фиоката одзел 65 илјади денари и избегал.
Притворот е определен откако надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор.