Во Прилеп денеска се регистрираа првите случаи на коронавирус, а градските власти соопштија дека ги заоструваат превентивните мерки.
„Од денеска, ги засиливме контролите на автомобилите на сите четири влезови во градот, при што вршиме дезинфекција на секое возило“,
изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски.
Од утре, најави тој, се затвора и градскиот пазар, а продолжува и забраната за јавниот градски превоз.
Јовановски, побара од прилепчани да ги почитуваат мерките и да седат дома, но и да не ги стигматизираат двајцата заразени пациенти.
„Тоа се наши сограѓани. Секому може да му се случи ова. Но, мораме да бидеме крајно внимателни и одговорни, и кон себе и кон другите. Меѓутоа, да не ги стигматизираме и обвинуваме, ами да ги поддржиме и охрабриме. Сите сме заедно во оваа борба“,
рече Јовановски.