Владимир Путин, кој е на власт во Русија како премиер или претседател од 1999 година, официјално не објави дека ќе се кандидира на изборите за уште еден шестгодишен мандат, но се очекува да го направи тоа
Горниот дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата, на денешната седница го одреди 17 март 2024 година како датум одржување за претседателските избори во Русија.
„Со денешната одлука во суштина се започнува изборната кампања“,
рече претседателката на Советот на федерацијата, Валентина Матвиенко.
Владимир Путин, кој е на власт во Русија како премиер или претседател од 1999 година, официјално не објави дека ќе се кандидира на изборите за уште еден шестгодишен мандат, но се очекува да го направи тоа.
Уставните измени потпишани од рускиот лидер во 2021 година му дозволија на Путин да се кандидира за уште два шестгодишни мандати, што значи дека потенцијално може да остане на власт до 2036 година.
Изборите ќе се одржат две години откако Русија ја започна, како што ја нарекува, специјалната воена операција во Украина во февруари 2022 година, а подоцна ги анектираше украинските региони Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје во кои, исто така, спроведе регионални избори.