Тој за противкандидати имаше десничар, екстремен десничар, антиваксер, производител на чевли…
Австријците го реизбраа актуелниот претседател Александар Ван дер Белен за уште еден мандат, покажуваат проекциите на резултатите од денешните избори.
Тој најверојатно ќе освои 55 отсто од гласовите со што ќе се избегне втор круг од изборите, јавува „Дојче веле“ Неговиот најблизок ривал според освоените гласови е кандидатот на екстремно десничарската Партија на слободата Балтер Розенкранц кој освои 18,4 отсто од гласовите.
Ваков резултат, без потреба да се одржи втор круг, посака и самиот Бан дер Белен.
„Би било убаво да имаме јасен резултат денеска. Убаво за Австрија и убаво за нас, за потоа да можеме целосно да се концентрираме на различните задачи што ни претстојат, на мноштвото кризи со кои се соочуваме ние во Австрија, во Европа“,
рече тој откако го оствари своето право на глас.
Покрај Розенкранц, Ван дер Белен денеска имаше уште петмина други противкандидати. Од нив, на трето место се планира независниот кандидат, адвокатот Тасино Валентин, а на четврто место заврши најмладиот кандидат Доминик Влазни. Како петопласиран, според проекциите, е поранешниот политичар на десничарската Алијанса за иднината на Австрија, потоа лидерот на антиваксерската партија Луѓе, слобода, основни права Михаел Брунер, а последен заврши производителот на чевли Хајнрих Стаудингер.