Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ и до семејствата на настраданите во земјотресот во Петриње.
„Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и до семејствата на сите настрадани“,
напиша Пендаровски на „Фејсбук“.
Претходно, премиерот Зоран Заев соопшти дека Владата на денешната седница донела одлука финансиски да ѝ помогне на Хрватска со 6 милиони денари.
Денешниот разорен потрес со интензитет од 6,3 степени се случи во 12:15 часот, а земјата во Хрватска и натаму се тресе. Хрватските медиуми јавуваат за десеттици повредени во Петриње, Сисак, Загреб и други градови. Досега официјално има само една жртва, 12-годишното девојче.
