Претседателот на Италија, Серџо Матарела упати телеграма со честитки по повод Денот на Републиката до својот македонски колега Стево Пендаровски.
Во телеграмата, Матарела изразува најискрени честитки до македонските граѓани и укажува на пријателството меѓу двете држави, кое е интензивирано, како што вели, во текот на изминатата година.

„Во овој период постигнавте важни цели на својот пат кон евроатланските интеграции. Членството во НАТО ќе овозможи Северна Македонија да даде значаен придонес кон регионалната стабилизација, додека отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ ќе овозможат поконкретна перспектива за самата ЕУ во проширувањето кон Западниот Балкан, што е суштински елемент на континенталната интеграција“,
се вели меѓу другото во телеграмата од претседателот на Италија, Серџо Матарела.