Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај денеска имал телефонски разговор со својата косовска колешка, Вјоса Османи со која разговарал со ситуацијата на северот на Косово и повлекувањето на претставниците на Србите од институциите.

Тој на Османи ѝ ја пренел својата загриженост и повикал на продолжување на дијалогот заради зачување на мирот и стабилноста.
„Денеска имав телефонски разгоговор со претседателката Вјоса Османи. Бев информиран за тензичната ситуација на северот на Косово и разговаравме за оставките на претставниците на Српска листа во Косово од државите институции и блокирањето на работата на тамошните институции. На претседателката Османи ѝ ја изразив мојата загриженост и го охрабрив продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста и територијалниот интегритет на Косово гарантирани од КФОР“,
напиша албанскиот претседател на својот службен твитер-профил.
2/2
— Bajram Begaj (@BajramBegajAL) November 6, 2022
I expressed my concern to President Osmani & encouraged the continuation of the dialogue between the parties, bearing in mind the preservation of peace and stability and the territorial integrity of Kosova guaranteed by KFOR.
Косовските Срби вчера одлучија да ги напуштат институциите во знак на револт на стапувањето во сила на одлуката за пререгистрација на сите српски возила и воведувањето на косовски регистарски таблички.
Денеска претпладнето во четирите општини се одржаа вонредни седници на кои градоначалниците на Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток и формално поднесоа оставки од функцијата.
На седниците оставки поднесоа и претседателите на општинските собранија, како и советниците.
Претседателката на Косово Вјоса Османи ги повика Србите да не ги напуштаат институциите, го обвини Белград дека стои зад потезите и го истакна уверувањето дека во соработка со меѓународните партнери ќе се обезбеди непречена работа на институциите и јавната безбедност.
Во меѓувреме, полициските станици останаа без мнозинството полицајци, правосудните органи без судии и обвинители, локалните самоуправи без администрација. Во северниот дел Косово има околу 300 полицајци, од кои 80 отсто се Срби. Тие вчера ги соблекоа униформите за да покажат дека ја напуштаат службата.
Во Северна Митровица денеска се одржа и протестен митинг на косовските Срби, кој помина мирно и без инциденти.
На собирот се обратија неколкумина сегашни и поранешни политички чинители на Косово. Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ рече дека мандатот го враќаат на српскиот народ кој ги избрал, а не на Приштина. Рече дека во Северна Митровица собирот има за цел да испрати јасна порака дека е доста од „шиканирање“ од страна.